Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата

    СДСМ: Директор на Управа стои зад текстот со говор на омраза против Филипче, се бара одговорност од Владата

    09.08.2026 во 11:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера конечно добивме име и презиме на авторот на гнасниот текст полн со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и проф. д-р Венко Филипче, велат од СДСМ.


    „Авторот е Мирослав Тричковиќ.


    Прво го потпиша како „Србите“. Вчера призна – тој лично бил.


    Кој е навистина Мирослав Тричковиќ?

    •  Бил советник во Советот на Општина Куманово од листата на ВМРО

    •  Висок функционер на Демократската партија на Србите во Македонија

    •  Долгогодишен близок соработник, човек од најголема доверба и прв оперативец на Иван Стоилковиќ

    •  Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград

    •  Регрутиран во структурите на БИА по директна препорака на Иван Стоилковиќ

    •  Во 2017 година добива задача да го стави во функција порталот Srbi.mk, чиј уредник и сопственик е самиот тој.

    •  Денес е Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците.


    Човек задолжен за образование – со речник на простак и уличар.


    Ова се кадрите на Владата на Христијан Мицкоски. Тоа се експертите за унапредување на јазиците, на ВМРО.


    Тричковиќ е познат како голем русофил и отворен противник на НАТО.


    Тој е поврзан со десничарски, фашистички и екстремни кругови во Србија – со Миша Вациќ (Српска десница), Драгослав Бокан (Бели орлови), како и со Александар Ѓурѓевиќ (Српска лига), според чиј модел БИА создаде партија за Саша Богдановиќ (поранешен ЗНАМ), еден од оние кои работеа на разнебитување на СДСМ заедно со Максим Димитриевски во корист на Мицкоски.


    Промотор на Слободан Милошевиќ и на политиката од 90-тите години. Промотор на Алта Банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ и која служи за финансирање на „српскиот свет“, како и на пропагандата на Вучиќ и ВМРО-ОКГ против ЕУ.

    Почитувач е на Драгoш Калаиќ, еден од првите јавно декларирани фашисти во Југославија по смртта на Тито, Жељко Ражнатовиќ Аркан, командант на Српската доброволна гарда, Капетан Драган, осуден за воени злосторства во Хрватска, како и на неодамна починатиот хашки осуденик Небојша Павковиќ.


    Што прави овој човек?


    Ја злоупотребува целата српска заедница во Македонија.


    Прво се крие зад „Србите“, а потоа признава дека тој лично стои зад текстот полн со омраза.

    Ова е методот на „српскиот свет“.


    Истиот модел што го користат Александар Вучиќ и СНС – да се поистоветат себеси со целиот народ, а потоа во име на народот да сеат омраза и поделби.


    Тричковиќ е човек на Стоилковиќ.


    Стоилковиќ е човек на Мицкоски.


    Мицкоски е дел од истата мрежа што води кон Вучиќ и кон структурите што го промовираат „српскиот свет“ и антиевропската агенда во регионот.


    Директор за образование со речник на уличар.


    Оперативец поврзан со БИА.


    Човек што ја користи српската заедница како штит и како оружје.


    Ова не е глас на Србите во Македонија.


    Ова е глас на еден послушник на Стоилковиќ, на Мицкоски и на мрежата што работи против европската иднина на Македонија.


    Граѓаните мораат да знаат со кого имаат работа“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.