Осумгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Марко Симоновски“ во Гостивар.
Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар во 21:30 часот, кога патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.О. од Гостивар, удрило во малолетничката.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по несреќата девојчето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди.
На местото на сообраќајниот инцидент увид извршила екипа од ОВР Гостивар за целосно утврдување на причините за несреќата.

