Close Menu
Press24
    Најново

    Ефтимов: ВМРО користи доверливи полициски документи од Струмица, бараме истрага од Обвинителството

    08.08.2026 во 12:16

    Поповиќ: Гостивар 4 недели се бори со загрозено здравје, Обвинителството мора веднаш да реагира

    08.08.2026 во 12:14

    Трајановски: Голготата во Гостивар продолжува

    08.08.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ефтимов: ВМРО користи доверливи полициски документи од Струмица, бараме истрага од Обвинителството
    • Поповиќ: Гостивар 4 недели се бори со загрозено здравје, Обвинителството мора веднаш да реагира
    • Трајановски: Голготата во Гостивар продолжува
    • Манасиевски: Децата на Филипче се децата на Заев, талогот од СДС испливува на површина
    • Јамалов: Развојот на туризмот е стратешки приоритет, бележиме континуиран раст
    • 35 степени измерени во Македонија во 11 часот – цела држава е во портокалова фаза
    • Пресврт во истрагата: Во трагичната сообраќајка во Радишани учествувало трето возило кое избегало
    • Се запали комбе со македонски таблички во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ефтимов: ВМРО користи доверливи полициски документи од Струмица, бараме истрага од Обвинителството

    Ефтимов: ВМРО користи доверливи полициски документи од Струмица, бараме истрага од Обвинителството

    08.08.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Ефтимов од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ неовластено користи доверливи полициски документи од Полициската станица Струмица.

    Тој посочи дека наместо заштита на жртвите од инцидентот во Ново Село, опозициската партија врши јавен притисок со податоци кои претставуваат службена тајна.

    „Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички. Сега нè напаѓаат јавно – со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело“, изјави Ефтимов.

    Од СДММ упатија барање до Јавното обвинителство за итно отворање истрага и поднесување соодветни пријави.

    „Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против: полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата; и Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите“, посочи тој.

    Ефтимов затражи и реакција од Внатрешната контрола на МВР за утврдување на одговорноста за оддавањето на документите.

    „Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење. Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите“, нагласи претставникот на СДММ.

    На крајот од прес-конференцијата, тој порача дека младите од партијата нема да подлегнат на притисоците.

    „Погрешивте што дигнавте рака на младите. Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега. Ние не се плашиме. Вистината е на наша страна. И доаѓа време кога сите ќе одговарате“, заклучи Ефтимов.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: Гостивар 4 недели се бори со загрозено здравје, Обвинителството мора веднаш да реагира

    08.08.2026 во 12:14

    Трајановски: Голготата во Гостивар продолжува

    08.08.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.