Close Menu
Press24
    Најново

    Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична

    19.03.2026 во 16:45

    Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром

    19.03.2026 во 16:39

    Паника во Куманово: Евакуирано основно училиште по дојава за бомба – еве што утврди полицијата

    19.03.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична
    • Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром
    • Паника во Куманово: Евакуирано основно училиште по дојава за бомба – еве што утврди полицијата
    • Лимани потпиша договори со 10 општини: Неискористени простории стануваат градинки за децата
    • Серија апсења за семејно насилство – Тепале сопруги, сестри и демнеле поранешни партнерки
    • Се проширува инвестициската програма на МОН – освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри
    • Филипче: СДСМ е единствената неконтролирана опозиција
    • ЈСП со важна информација за граѓаните за следните три дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ана Чупеска: Оваа власт ги користи институциите за да ги заштити своите луѓе, а не за правда и демократија

    Ана Чупеска: Оваа власт ги користи институциите за да ги заштити своите луѓе, а не за правда и демократија

    20.09.2025 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во интервју за Рацин.мк изјави дека денес сведочиме на суровата реалност на системски и систематски организирани деструктивни однесувања на актуелната власт, длабоко вкоренети во нејзината конзервативна и авторитарна идеологија.

    -Искуствата со авторитарноста на ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со суштинско растурање и уништување на институциите. И денес гледаме дека власта ги негува старите навики на деструктивни поведенија. Проблемот со незаконското институирање на директорот на АНБ и последователните злоупотреби за фабрикација на афери, како и свесното оставање на граѓаните без заштита во случаите со Кочани, Дрисла, Вардариште, Трубарево, уништувањето на природата и убиствата на жени, се само дел од трагичните потврди“, нагласи Чупеска.

    Таа додаде дека власта наместо да води политики на развој и напредок, води некрополитики. Со уништувањето на правната држава, институциите се претворени во инструмент за деструкција на општеството, неговата социјална структура и довербата на граѓаните. Во таков систем, незаштитените групи, особено жените, стануваат жртви на срамна трагедија, како што покажа случајот со Росица.

    -Оваа власт ги користи институциите исклучиво за заштита на своите луѓе, а не за правда и демократија. Дури и демократскиот Устав не го третираат како темел на државата, туку делуваат спротивно на него. Наместо да изградат систем на вредности, тие создаваат послушна партиска војска за свои тесни интереси“, потенцираше Чупеска.
    Таа оцени дека власта намерно предизвикува апатија  кај младите, што е дополнителна штета за општеството и за иднината на државата.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.