Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Децата на Филипче се децата на Заев, талогот од СДС испливува на површина

    Манасиевски: Децата на Филипче се децата на Заев, талогот од СДС испливува на површина

    08.08.2026 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија жестоки обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Според Манасиевски, раководството на опозициската партија дава поддршка на лица кои претходно биле правосилно осудувани за кривични дела.

    „Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина“, изјави Манасиевски.

    Тој изнесе и конкретни имиња на лица кои, според него, имаат условни затворски казни.

    „Христијан Ефтимов внук на Заеви, и Илија Стојанов негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор, затоа што тепале странски државјани во Струмица, мислејќи дека можат што сакаат да прават затоа што се деца на Заеви. Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви“, додаде тој.

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека таквите матрици не смеат да bidат дел од политичката иднина на земјата.

    „Талогот на СДС не може и не смее да биде иднината која сите ние ја заслужуваме. Катаклизмичните 7 години на власт на СДС, со Заев и Филипче не смеат никогаш повеќе да се повторат“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.