Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски ја пресликува кампањата на Вучиќ со навреди и притисоци врз младите

    08.08.2026 во 10:56

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во Ново Село се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл

    08.08.2026 во 10:42

    Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    08.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски ја пресликува кампањата на Вучиќ со навреди и притисоци врз младите
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во Ново Село се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл
    • Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи
    • СДСМ: Клековски призна дека во гостиварската вода има вируси и бактерии, а претходно тврдеа дека е исправна
    • Гужва на Табановце – проверете колку се чека за влез во Македонија
    • Активиран портокалов аларм во цела Македонија – денеска не излегувајте доколку немате потреба
    • Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
    • Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ја пресликува кампањата на Вучиќ со навреди и притисоци врз младите

    СДСМ: Мицкоски ја пресликува кампањата на Вучиќ со навреди и притисоци врз младите

    08.08.2026 во 10:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прво Мицкоски.

    Потоа Латас.

    Сега Стоилковиќ.

    Ист речник.

    Иста поделба.

    Иста стратегија.

    Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја; напишаа од СДСМ во соопштението.

    „Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ – секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност.

    Главен промотор на таа кампања е Информер – телевизија, портал и весник.

    Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта – ти си против државата.

    Сега истата матрица се пресликува во Македонија.

    Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“…

    Потоа Саша Богдановиќ – еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски – го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“.

    Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас

    Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село.

    Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи.

    Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери.

    Целта е иста:

    Да се обесхрабрат младите,

    Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“.

    Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи.

    Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија – затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми.

    Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ.

    Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција – на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО.

    Младите масовно си одат.

    Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани.

    „Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ.

    Иста школа.

    Исти ментори.

    Иста цел – да се замолчат оние што бараат промена.

    Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото.

    Во буџетот нема пари.

    Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен.

    Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите.

    Економскиот колапс веќе е произведен – само не знаат како да излезат од него.

    Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат.

    Затоа лета на екскурзија во Брисел.

    Просторот се стеснува.

    Граѓаните веќе сè знаат.

    Последните подготовки се јасни:

    Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер – најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас – уредник на сите нивни медиуми.

    Дотогаш мора повторно да го поделат народот.

    Мора да се подготват за предвремени избори.

    Затоа што пари нема.

    А други резултати нема, ниту ќе има“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во Ново Село се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл

    08.08.2026 во 10:42

    СДСМ: Клековски призна дека во гостиварската вода има вируси и бактерии, а претходно тврдеа дека е исправна

    08.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.