Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Клековски призна дека во гостиварската вода има вируси и бактерии, а претходно тврдеа дека е исправна

    СДСМ: Клековски призна дека во гостиварската вода има вируси и бактерии, а претходно тврдеа дека е исправна

    08.08.2026 во 10:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?, стои во соопштението на СДСМ.

    „Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата?

    Тошковски сигурно исто ја следи – како стручњак за хиперхлорирање и испирање цевки.

    А како тогаш со недели уверуваа дека водата е „технички исправна“?

    Како граѓаните да ја користат за капење и миење кога во неа имало бактерии и вируси?

    Како Мицкоски, Клековски и Тошковски да зборуваат за контрола, кога претходно рекоа дека водата може да се користи?

    Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење.

    Сега е полна со бактерии. Не една – туку многу различни.

    И сè уште нема ниту еден јавно објавен документ врз основа на кој дозволија користење на „техничка“ вода.

    Илјадници луѓе се отруени.

    Речиси 5.000 луѓе завршија по болници.

    Отруена е и самата болница во Гостивар – пациентите се превезуваат во Тетово.

    И сè уште нема никој да одговара, ниту едно име од власта.

    Ама знаеме кој даваше изјави дека водата може да се користи.

    Знаеме кој дозволи да се користи вода која била загадена уште пред јавноста да дознае за труењето.

    Имаме и изјава од Стојанче Ангелов дека има бактерии.

    А Обвинителството?

    Ало, Савески?

    Дали сте на екскурзија?

    Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски?

    Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон.

    Граѓаните не можат.

    Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО – почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски.

    Можете ли да замислите како би се снашле во Корона -криза?

    Народниот правобранител веќе отвори предмет.

    Граѓаните чекаат.

    А Обвинителството сè уште молчи.

    До кога?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.