Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот

    Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот

    07.08.2026 во 21:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ризиците од заразните болести што ги пренесуваат комарците, вклучително и Западнонилската треска, можат значително да се минимизираат со правилна примена на методите за превенција и заштита.

    Ова го порача епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ Телма.

    Според д-р Даниловски, тигрестиот комарец е значително подоминантен, повитален и посупериорен од поранешниот „домашен“ комарец и, за разлика од него, тој е активен и напаѓа во текот на целите 24 часа.

    Поради тоа што тигрестиот комарец е способен да се размножува дури и во исклучително мали количини вода, д-р Даниловски упатува апел за редовно чистење на дворовите и балконите.

    Тој предупредува дека дури и најмалата количина вода во тацните под саксиите и вазните е доволна за нивно размножување, додека старите автомобилски гуми претставуваат идеални „резервоари“ за застоена вода и вистински рај за комарците.

    Епидемиологот советува редовно да се менува водата во садовите за миленици, а олуците и пластичните буриња редовно да се чистат за да не се задржува вода во нив.

    Покрај отстранувањето на застоената вода, како основни мерки за лична заштита се препорачуваат носење соодветна облека со долги ракави и ногавици, како и поставување заштитни мрежи на прозорците и вратите.

    Најголем ризик од развивање тешка форма на болеста имаат постарите лица, хронично болните и лицата со ослабен имунитет.

    Д-р Даниловски предупредува дека доколку се забележат симптоми како висока телесна температура, силна главоболка, кочење на вратот, нарушена свест или појава на парализа, граѓаните мора веднаш да побараат лекарска помош.

    Прочитај повеќе

    Нападнат вработен во бензинска пумпа

    21.09.2026 во 23:48

    Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност

    21.09.2026 во 23:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.