Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 
    • Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC
    • ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот
    • Иран негира дека има каква било врска со инцидентот во воената база во Англија
    • Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети
    • Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД
    • Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија 
    • Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во недела е Свети Пантелејмон: Заштитник на патниците и заштитник од болести

    Во недела е Свети Пантелејмон: Заштитник на патниците и заштитник од болести

    07.08.2026 во 21:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници во недела, на 9 август, го одбележуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Пантелејмон.

    Според преданието, Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Уште во младоста тој ја изучил лекарската вештина, а подоцна се крстил и го прифатил христијанството.

    Се верува дека Господ му дал голема благодат да лечи од сите видови болести, не само преку лекарската вештина, туку и со силна молитва. Меѓу неговите исцеленија се издвојува враќањето на видот на еден слепец од кого останатите лекари се откажале. Поради завист од страна на лекарите, тој бил обвинет пред тогашните власти дека е христијанин.

    Поради својата вера, Свети Пантелејмон бил ставен на тешки маки. Откако властите виделе дека тој не се поколебува во својата верност кон Бога, го испратиле на губилиште под едно маслиново дрво. Таму клекнал на колена, се помолил, по што му била отсечена главата. Тој пострадал во 304 година, а во христијанството се верува дека продолжил да исцелува преку неговите мошти.

    Со овој празник се поврзуваат и повеќе народни верувања. Се смета дека денот е поволен за започнување бизнис или каква било нова работа, бидејќи се верува дека секој труд на Свети Пантелејмон е благословен и носи успех.

    Исто така, се препорачува за оние кои планираат патување да тргнат токму на овој ден. Свети Пантелејмон важи за голем патник и заштитник на сите луѓе на кои улицата и патот им се втор дом.

    Меѓу обичаите е заклучено и верувањето дека доколку во црква се сретнат две непознати лица кои овој ден го слават како куќна слава, треба да си честитаат и да се прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

    Прочитај повеќе

    Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети

    28.09.2026 во 22:36

    Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции

    28.09.2026 во 19:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.