Close Menu
Press24
    Најново

    Утре се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    07.08.2026 во 21:51

    (ВИДЕО) Се реконструира подната фонтана на скопскиот плоштад: Вградена германска опрема и иноксна конструкција

    07.08.2026 во 21:48

    Драма на аеродромот во Лајпциг: Возач на автобус удри дрон натоварен со експлозив – цел биле украински авиони со муниција

    07.08.2026 во 21:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи
    • (ВИДЕО) Се реконструира подната фонтана на скопскиот плоштад: Вградена германска опрема и иноксна конструкција
    • Драма на аеродромот во Лајпциг: Возач на автобус удри дрон натоварен со експлозив – цел биле украински авиони со муниција
    • Ученик ги уби баба си и дедо му дома, па отвори оган во училиште – Крвава трагедија во Тајланд
    • Андоновски: Ќе градиме современ Национален дата-центар за консолидација на државната ИТ инфраструктура
    • Македонец приведен во Германија
    • Превозниците од регионот закажаа состанок во Македонија: Брисел молчи за ограничувањето во Шенген-зоната
    • Опсада во Белград: Силни полициски сили на терен, уапсен опасен бегалец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    Утре се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    07.08.2026 во 21:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска, на 8 август, го одбележуваат празникот Света Петка Летна, посветен на преподобната маченица Параскева Римјанка.

    Култот кон оваа светителка кај македонскиот народ е исклучително раширен, а во народот таа се смета за заштитничка од разни несреќи и многубројни болести.

    Во православниот календар постојат три личности со исто име — Света Параскева (Петка), поради што кај верниците често се мешаат нивните ликови. Првата е Света Петка – Римјанка, втората е Света Петка од Иконија, а третата е Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата, чиј празник Петковден се одбележува на 27 октомври.

    Името Параскева потекнува од значењето „подготовка“, бидејќи сите три светителки биле родени во петок — ден за подготовка пред саботата, која кај Евреите била празник.

    Според житието за Света Петка Римјанка, таа била единствена ќерка на римски христијани родена по искрени молитви. По смртта на родителите, таа го раздала имотот на сиромашните, се замонашила и активно го проповедала христијанството во време кога верата била жестоко прогонувана.

    Поради вербата била подложена на жестоки измачувања од римските власти, вклучително и фрлање во котел со врело масло и катран, од каде излегла неповредена. По повеќе обиди за нејзино откажување од верата, во II век била погубена по наредба на кнезот Тарасиј, а нејзините мошти подоцна биле пренесени во Цариград.

    Со нејзиното име се поврзани голем број чудотворни икони и лековити води, познати како петочни води. Поради почитувањето на светителката, во минатото во одделни краишта, како Мариово, петокот се празнувал дури и повеќе од неделата.

    Прочитај повеќе

    Теа Таировиќ доживеала сообраќајна несреќа

    07.08.2026 во 18:36

    Православните верници денеска го одбележуваат Успението на Света Ана

    07.08.2026 во 17:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.