Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Теа Таировиќ доживеала сообраќајна несреќа

    Теа Таировиќ доживеала сообраќајна несреќа

    07.08.2026 во 18:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српската пејачка Теа Таировиќ и нејзиниот сопруг Иван Вардај учествувале во сообраќајна несреќа која се случила во Црна Гора, во ноќта меѓу 4 и 5 август.

    Според информациите, инцидентот се случил околу еден часот по полноќ на кружниот тек на самиот влез во Будва.

    Во сообраќајната несреќа нивниот автомобил претрпел голема материјална штета, но за среќа нема потешко повредени лица.

    Според сведочењата на очевидци, во моментот на сударот се слушнал силен удар. Поради тоа, мештаните од блиските куќи веднаш излегле надвор за да видат што се случува и да им помогнат на патниците сè до пристигнувањето на полицијата и екипите на итната помош.

    Еден од очевидците на настанот посочи дека најважно е тоа што сите излегле од автомобилот и дека никој не е тешко повреден.

    Тој дополнително појасни дека на тоа конкретно место и претходно се случувале сообраќајни незгоди, бидејќи патот е тесен, неосветлен и нема поставено знак кој предупредува дека следува кружен тек.

    Иако возилото било речиси целосно уништено, пејачката и нејзиниот сопруг се спасиле без сериозни повреди.

    Таировиќ наводно била видно потресена и вознемирена од настанот, но откако било утврдено дека не ѝ е потребна дополнителна медицинска помош, таа го продолжила патот кон нејзиниот однапред закажан настап.

    Прочитај повеќе

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.