Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    20.09.2025 во 12:522 Mins Read
    Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска остро ја нападна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за, како што рече, „неспособност, лаги и свесно загрозување на здравјето и животите на граѓаните“.

    Повод за реакцијата е потврдата од Владата дека новите 400 пожарникари, кои беа најавени со голема помпа, сè уште не ја добиле ниту првата плата, и покрај тоа што веќе неколку месеци активно се ангажирани во општините.

    „Ова е потценување на граѓаните и грубо манипулирање со младите луѓе кои ризикуваат живот за време на пожари, а не добиваат ниту денар. Одговорноста е директно кај Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска.

    Според неа, додека народот се гуши во канцерогени честички и се соочува со еколошка катастрофа, власта не само што не презема мерки, туку и лаже.

    Кузеска потсети и на пожарот во депонијата во Трубарево, посочувајќи дека граѓаните на Скопје „вдишувале олово, арсен и кадмиум“, додека, како што рече, владата молчела, без да алармира, без препораки и без заштита за населението.

    „Лично Мицкоски тврдеше дека загадувањето не било големо. Ова не е само неспособност – ова е свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето“, порача Кузеска.

    СДСМ бара итна одговорност од Владата и најавува дека оваа тема ќе ја отвора на сите нивоа, со цел, како што велат, да се спречи понатамошна штета и да се заштитат граѓаните.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.