Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска апелира за итно носење на законите за високо образование: „Бадентер“ се злоупотребува за политички решенија

    06.08.2026 во 14:00

    Гори во Македонски Брод и Гостивар – ЦУК со најнови детали

    06.08.2026 во 13:57

    Драстичен пад на бројот на првачиња: Во новата учебна година дури 4.900 помалку ученици во прво одделение

    06.08.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска апелира за итно носење на законите за високо образование: „Бадентер“ се злоупотребува за политички решенија
    • Гори во Македонски Брод и Гостивар – ЦУК со најнови детали
    • Драстичен пад на бројот на првачиња: Во новата учебна година дури 4.900 помалку ученици во прво одделение
    • Дождот пристигна во делови од Македонија, соопшти УХМР
    • Полицијата уапси двајца охриѓани: При претреси пронајдени марихуана и дробилки
    • Ристески: Цените се контролираат, есенва следуваат десеткратно повисоки казни за нефер трговски практики
    • Денеска е Света маченичка Христина
    • ЕВН најави исклучувања: Неколку скопски населби утре ќе останат без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска апелира за итно носење на законите за високо образование: „Бадентер“ се злоупотребува за политички решенија

    Јаневска апелира за итно носење на законите за високо образование: „Бадентер“ се злоупотребува за политички решенија

    06.08.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека очекува што е можно побрзо да се изнајде решение за носење на пакетот од три закони за високото образование кои во моментов се блокирани во собраниска процедура преку Бадентеровото мнозинство.

    Станува збор за Законот за високо образование, Законот за научно-истражувачка дејност и Законот за квалитет во високото образование.

    Јаневска порача дека со задоволство прифаќа да дискутира на уште една јавна расправа во Собранието за да се усвојат овие законски измени, нагласувајќи дека „секој изгубен ден е изгубен ден за младите луѓе во оваа држава“.

    На денешната прес-конференција, таа подвлече дека предложените закони воопшто не засегаат прашања поврзани со правичната застапеност.

    „Да, за носење закони за образование треба бадентер, она што е постоечко и тој е како алатка за заштита на правата, на пример за заштита на учењето на мајчин јазик. Овие три закони воопшто не влегуваат во таков некаков проблем. Овде зборуваме за мериторни елементи, за организација на високото образование, за квалитетот на професорите, за повеќе практична работа при студиите. Значи, некои елементи кои мора да ги има државата ако сакаме да имаме одржливо високо образование и квалитетен кадар и луѓе кои во иднина треба да ја водат и чуваат оваа држава“, одговори Јаневска на новинарско прашање за време на соопштувањето на резултатите од државната матура.

    Министерката посочи дека алатката „Бадентер“ била злоупотребувана во минатото и истакна дека Владата работи на подобар закон за правична застапеност.

    Таа нагласи дека законите се подготвувале преку долготрајна и транспарентна постапка со академската заедница.

    „Законот помина долготрајна и многу транспарентна постапка во која работната група на Министерството прифати многу, многу забелешки на академската заедница. Секогаш ќе има еден помал дел кој ќе биде незадоволен од нешто, но мноштвото од академската заедница го прифати законот таков каков што е. Немаме ништо против во Собранието и натаму многу да дискутираме, но треба да почнеме да дискутираме. Многу да дискутираме за секој член поединечно, со тоа што Владата има право на своја владина политика. Она што законите го бараат не е на штета на никого, туку е во корист на младите луѓе и во корист на наставниот кадар. Ако бадентерот го користиме како алатка за постигнување политички решенија, сметам дека не е во ред и тоа баш преку образование, не таму каде што треба“, истакна Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат

    06.08.2026 во 12:37

    Андовски на средба со ХЕМА-ОНКО и „Пеперутки“: Пациентските организации активно ќе се вклучат во Законот за лекови

    06.08.2026 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.