Close Menu
Press24
    Најново

    „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    06.08.2026 во 11:06

    Лепа Брена падна за време на настап во Будва

    06.08.2026 во 11:03

    Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    06.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8
    • Лепа Брена падна за време на настап во Будва
    • Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој
    • Крај на драматичната потрага во Грција: Пронајден мртов исчезнатиот германски турист
    • Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир
    • Грција потврди 65 случаи на западнонилска треска, регистрирани се и шест смртни случаи
    • Општина Центар со мерки за топлотниот бран: Вода и бесплатни здравствени проверки за граѓаните
    • Скопје не го заборава Веле Богатиновски – херојот од обиколница кој спасуваше животи во поплавите во 2016
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    06.08.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека со реализацијата на Коридорот 8 се покажува дека можат да се реализираат стратешки проекти и да се надминат проблемите од минатото.

    Николоски ова го посочи пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од источниот крак на Коридорот 8.

    Тој истакна дека потпишувањето е продолжение на визијата на Владата Македонија да ја искористи својата позиција како раскрсница на европските транспортни коридори 8 и 10.

    „Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден бидејќи по речиси две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект што може да се реализира“, рече Николоски.

    Тој информираше дека е постигнат договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел кој треба да ги поврзе двете држави.

    „Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а двете држави ќе испратат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за обезбедување грант средства за изградба на тунелот“, додаде Николоски.

    За третата делница од железничкиот Коридор 8 преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија се обезбедени 149 милиони евра грант средства.

    Николоски најави дека во текот на оваа година се очекува почеток на градежните активности, а наесен треба да биде избран изведувачот.

    „Веќе има активен тендер за избор на надзор, кој се одвива во две фази, а тендерот за градба ќе биде спроведен во една фаза“, информираше министерот за транспорт.

    На потпишувањето на договорите во Владата присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претставници на ЕУ, ЕБОР, ЕИБ и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    06.08.2026 во 10:49

    Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    06.08.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.