Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 
    • Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC
    • ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот
    • Иран негира дека има каква било врска со инцидентот во воената база во Англија
    • Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети
    • Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД
    • Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија 
    • Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лепа Брена падна за време на настап во Будва

    Лепа Брена падна за време на настап во Будва

    06.08.2026 во 11:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Музичката ѕвезда Лепа Брена синоќа одржа концерт во дискотека во Будва, каде што за време на изведбата се случи непредвидена ситуација на сцената.

    Пејачката се појави пред публиката околу 1:30 часот по полноќ и ги изведуваше своите познати хитови. За време на песната „Коловодја“, додека се обидуваше да изведе дел од кореографијата со кревање нога, таа се сопна и падна, пренесе Телеграф.рс.

    Девојка од бендот и организаторот веднаш ѝ притрчаа на помош за да ѝ помогнат да стане.

    Брена веднаш го продолжи настапот со насмевка и не ја прекина програмата, што предизвика реакција и аплаузи кај присутната публика.

    За време на гостување во подкастот „Восткаст“, пејачката претходно се осврна на сериозните повреди и фрактури што ги претрпела во изминатите години.

    • „Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати“, изјави тогаш Брена.

    Таа детализираше дел од инцидентите, меѓу кои и повредите на нозете и рацете за време на настапи и приватни патувања.

    • „Ја скршив левата нога кога скокнав да го фатам Стефан. Тој беше во длабока дупка, а јас скокнав од првиот кат, прескокнувајќи ги скалите за да не падне на приземјето. Потоа ја скршив тибијата, коленото ми влезе во потколеницата, која се пукна, и имав ужасна операција“, се присети таа.

    Пејачката го спомена и инцидентот од концертот во Загреб во декември 2024 година, кога снимател падна врз неа.

    • „Ја скршив десната нога на концертот, но пеев уште еден час и половина со скршена нога“, откри таа.

    Брена исто така објасни како ги повредила рацете при еден пад на летен одмор.

    • „Се свртев и тргнав напред, а пред мене имаше голем држач со зашилен крај за чадор. За да не паднам на него, се фрлив и не знам ни како го направив тоа. Паднав на десната рака и го скршив левиот лакт“, рече пејачката.

    Според нејзините зборови, јогата и помогнала во одржувањето на физичката и психичката подготвеност.

    • „Јогата буквално ми помогна да ја пронајдам силата во себе. Ми помогна повеќе со мојата психофизичка подготвеност, концертите и животот од кој било спорт. Тоа истегнување ми го издолжи телото и ми даде сила за која не можев да верувам дека може да се постигне преку јога“, изјави Брена.
    Прочитај повеќе

    Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети

    28.09.2026 во 22:36

    Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции

    28.09.2026 во 19:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.