Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стопанската комора ги поврзува бизнисот, институциите и регионот преку низа економски настани
    • Собраниска комисија денеска ќе избира состав за селекција на кандидат за Судскиот совет
    • Регионалните предизвици на маса: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан
    • „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот
    • „Не пропуштај ниту еден ритам“: Скопје денеска во знакот на срцевото здравје
    • Исклучувањето ќе трае со часови – Делови од Скопје без струја
    • Пратениците денеска ќе бараат одговори од Владата – Пратенички прашања во Собрание
    • Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП: “Онколошките пациенти повторно се без терапија – Не смеат да трпат”

    ЛДП: “Онколошките пациенти повторно се без терапија – Не смеат да трпат”

    06.08.2026 во 09:401 Min Read
    ЛДП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица, се вели во соопштението од ЛДП.

    -ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите, велат од ЛДП и упатуваат барања:

    ЛДП бара:

    – Итно обезбедување на целата неопходна терапија;

    – Целосна јавна информација за причините за недостигот;

    – Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст;

    – План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори.

    -Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот, велат од партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Стопанската комора ги поврзува бизнисот, институциите и регионот преку низа економски настани

    24.09.2026 во 08:16

    Собраниска комисија денеска ќе избира состав за селекција на кандидат за Судскиот совет

    24.09.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.