Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот

    „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот

    24.09.2026 во 08:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во првите осум месеци од 2026 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 62 лица, што е за 34 лица, односно за 35,42 отсто, помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи.

    Намален е и вкупниот број на настрадани лица – од 4.731 во 2025 година на 3.868 во 2026 година. Тоа претставува намалување за 863 лица, односно за 18,24 отсто.

    Од МВР оценуваат дека податоците покажуваат оти системскиот пристап кон унапредувањето на безбедноста во сообраќајот дава конкретни резултати.

    Вкупниот број сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, односно за 11,76 отсто. Сообраќајните незгоди со смртни последици се намалени од 82 на 54, што е пад од 34,15 отсто, додека незгодите со тешки телесни повреди се намалени од 594 на 528, односно за 11,11 отсто.

    Намалување има и кај сообраќајните незгоди со телесни повреди – од 2.291 на 1.896, односно за 17,24 отсто. Незгодите со материјална штета се намалени од 2.518 на 2.362, или за 6,20 отсто.

    Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09 отсто или за 833 лица. Кај лицата со тешки телесни повреди, бројките се речиси непроменети – 686 во 2025 година наспроти 690 во 2026 година.

    Од МВР посочуваат дека значењето на резултатите е поголемо ако се земе предвид дека со години бројот на жртви во сообраќајот се задржувал на високо ниво.

    Во периодот од 2010 до 2025 година, годишно во сообраќајни незгоди загинувале меѓу 116 и 198 лица. Во 2019 и во 2025 година биле регистрирани по 132 загинати лица.

    Според МВР, позитивната промена во 2026 година ја поврзуваат со интегрираниот пристап што ги опфаќа системот „Безбеден град“, законските измени, засилените полициски контроли и континуираните превентивни активности.

    Со започнувањето на санкционирањето преку системот „Безбеден град“ на 1 февруари 2026 година, прекршоците се детектираат автоматски, предметите се обработуваат електронски, а известувањата се доставуваат преку СМС-порака и електронска пошта.

    Од Министерството велат дека целта на системот е да се премине од повремена контрола кон континуирано и неселективно спроведување на сообраќајните прописи, со што, како што наведуваат, се зголемува извесноста за санкционирање на прекршоците и се влијае превентивно врз однесувањето на учесниците во сообраќајот.

    МВР најавува дека ќе продолжи со унапредување и проширување на системот „Безбеден град“, засилени контроли и мерки насочени кон намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загубени човечки животи.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.