Директорот на ЈКП Сарај, И.Х. (41), вчера во Полициското одделение Сарај пријавил дека од неговата канцеларија биле украдени пари од прометот на Јавното комунално претпријатие.
Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од 16:30 часот на 31 јули 2026 до 6:40 часот на 4 август 2026 година.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека сторителот со употреба на сила ја отворил влезната врата од канцеларијата, која е сместена во објектот на Општина Сарај.
По влегувањето во просторијата, од фиока од работното биро на директорот биле одземени парите од дневниот промет.
Од МВР засега не соопштуваат за колкава сума на пари се работи.
Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот и преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот.

