Close Menu
Press24
    Најново

    Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот

    05.08.2026 во 12:26

    Верижна сообраќајка кај Битола: Осум лица се тешко повредени, учествувале четири возила

    05.08.2026 во 12:22

    Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост

    05.08.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот
    • Верижна сообраќајка кај Битола: Осум лица се тешко повредени, учествувале четири возила
    • Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост
    • Трагедија при дива сеча во струшко: Почина работник, поднесена кривична пријава против организаторот
    • Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид
    • Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер
    • УХМР од утре најавува голем пресврт
    • Трамп му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот

    Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот

    05.08.2026 во 12:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката полиција уапси 55-годишен маж под сомнение дека неколку години го чувал телото на својот починат татко во замрзнувач во подрумот на напуштен семеен хотел, со цел да продолжи бесправно да ја прима неговата пензија.

    Според првичните информации од истрагата, нема индикации за насилна смрт. Се претпоставува дека 90-годишниот пензиониран учител починал од природна смрт.

    Случајот бил откриен во селото Мистрас, во подрумските простории на напуштениот хотел кој бил во сопственост на семејството.

    Соседите и локалните жители ги известиле властите откако забележале дека постариот човек го немаат видено најмалку четири години, по што посредувала државната телевизија „ЕРТ“ и интервенирала полицијата.

    Приведениот син пред полициските службеници признал дека неговиот татко починал од природна смрт пред околу две и пол години, по што тој решил да го замрзне телото за да го сокрие фактот дека е починат.

    Против 55-годишниот маж се покренати обвиненија за измама и давање лажна изјава. Надлежните органи ја продолжуваат постапката за целосно расветлување на сите финансиски и правни детали од случајот.

    Прочитај повеќе

    Грчки аларм: Откриена контаминација на водата во популарно одморалиште, издадено итно предупредување до туристите

    05.08.2026 во 09:56

    Трагедија на автопатот Шабац-Лозница: Камион удри во работници на пат, две лица загинаа на лице место

    05.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.