Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ до ДУИ: „Охридскиот договор не е тапија на Ахмети, 22 години кај вас беа и ножот и погачата”

    05.08.2026 во 08:35

    Жешкото време носи ризици: 22 пожари беснееја низ Македонија

    05.08.2026 во 08:25

    Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури

    05.08.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ до ДУИ: „Охридскиот договор не е тапија на Ахмети, 22 години кај вас беа и ножот и погачата”
    • Жешкото време носи ризици: 22 пожари беснееја низ Македонија
    • Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури
    • Не излегувајте без потреба: Важни препораки за безбедно справување со топлотниот бран
    • Апсење во Македонија: Свекрва ја пријавила снаата во полиција
    • Топлотниот бран не попушта: До 40 степени низ Македонија, од утре пресврт со времето
    • Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран
    • СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ до ДУИ: „Охридскиот договор не е тапија на Ахмети, 22 години кај вас беа и ножот и погачата”

    ВРЕДИ до ДУИ: „Охридскиот договор не е тапија на Ахмети, 22 години кај вас беа и ножот и погачата”

    05.08.2026 во 08:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, стои во соопштението на ВРЕДИ, испратено до јавноста.

    -Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше да го донесе законот кога сакаше, но не го направи тоа. Не затоа што не знаеше, туку затоа што не сакаше. Без закон, работните места ги делеа како да се личен подарок од Али Ахмети. Едно работно место – едно семејство како заложник. Ако беше со нив, вратата се отвораше. Ако не беше, остануваше надвор. Токму затоа не им одговараше правичната застапеност да биде право загарантирано со закон, велат во соопштението од партијата ВРЕДИ.

    Додаваат дека сега кога Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, истата таа ДУИ го блокира.

    -Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат. Нив не ги интересира што добиваат Албанците. За нив е важно само ВЛЕН да не постигне успех. Кога се на власт, сè им е добро. Кога ќе останат без фотелји, тогаш треба да запре и државата. Но, тој филм повеќе не поминува. Охридскиот договор не е тапија на Али Ахмети, ниту сопственост на ДУИ, ниту наследство на луѓето што се држат за фотелјите во Мала Речица. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ. Правичната застапеност не е партиска милостина, туку право на граѓаните и обврска на државата. 22 години не го донесоа законот. Сега се обидуваат да го блокираат. Законот мора да продолжи напред, без уцени и без блокади, велат од партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Жешкото време носи ризици: 22 пожари беснееја низ Македонија

    05.08.2026 во 08:25

    Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури

    05.08.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.