Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО) денеска соопшти дека во Ормуска Теснина е погоден товарен брод од неидентификувана ракета.
УКМТО соопшти дека во нападот загинале две лица, а екипажот е евакуиран. Бродот откако бил погоден се запалил и пловел без струја.
Нема извештаи за какви било последици врз животната средина од нападот.

