Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: ЗНАМ расте со граѓаните, а не преку нарачани анкети

    Димитриевски: ЗНАМ расте со граѓаните, а не преку нарачани анкети

    04.08.2026 во 08:123 Mins Read
    Принтскрин, Сител
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции.

    Осврнувајќи се на последните анкети објавени во јавноста, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу реалното мерење на јавното мислење и неговото креирање. Тој нагласи дека ЗНАМ не вложува огромни средства во политички маркетинг, туку својата енергија ја насочува кон директна комуникација со граѓаните.

    Во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска Иднина, Европска Македонија“, партиското раководство досега оствари низа средби со граѓани во повеќе градови низ државата, а активностите ќе продолжат со засилено темпо од септември.

    Од партијата посочуваат дека ЗНАМ во овој период е единствената политичка опција која наместо дејствување од партиски канцеларии, секојдневно е на терен, разговара директно со граѓаните и ги слуша нивните проблеми, идеи и очекувања.

    „ЗНАМ е меѓу граѓаните и во текот на работното лето. Остваруваме средби со членството, но и со сите граѓани кои сакаат да разговараат со нас. Во моментов сме единствената партија која го практикува овој пристап и сака директно да ги слушне потребите на луѓето“, изјави Димитриевски.

    Во однос на владината реконструкција, лидерот на ЗНАМ истакна дека партијата не претрпела загуба, туку направила стратешко политичко позиционирање во согласност со своите програмски цели.

    Тој потсети дека во периодот додека го раководеше Министерството за правда, ЗНАМ реализираше активности кои, според него, претставуваат основа за понатамошни реформи. Биле подготвени повеќе од 35 законски решенија, од кои дел се веќе усвоени, а дел се во владина и собраниска процедура.

    Преземањето на ресорот земјоделство, додаваат од ЗНАМ, е насочување кон една од клучните определби на партијата – создавање поодржлива економија преку поддршка на домашното производство, земјоделците и развојот на руралните средини.

    Во врска со критиките од СДСМ дека ЗНАМ „не постои“, Димитриевски порача дека политичката реалност не се менува со изјави и партиски желби.

    Според него, ЗНАМ за краток период изградил политичка структура, освоил парламентарен статус, формирал пратеничка група, има свои советници во повеќе општини и е дел од извршната власт.

    „Тоа се факти кои не можат да се избришат. За разлика од оние кои се потпираат на политички пораки и спинови, ЗНАМ ја гради својата поддршка преку секојдневен контакт со граѓаните“, велат од партијата.

    Од ЗНАМ порачаа дека партијата својата сила не ја гледа во маркетинг кампањи и платени истражувања, туку во директната комуникација со луѓето – на терен, во населените места и преку разговор со граѓаните.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.