Вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот.
По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

