Вчера во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Х. (21) од с.Идризово, скопско, по претходна пријава од И.Б.(44) дека на 31.07.2026 во 23:50 часот во с.Идризово В.Х. му нанел тешка телесна повреда на 15-годишниот син на пријавителот, а во врска со претходно нарушен јавен ред и мир.
По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривина пријава за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” по чл.131 од КЗ.

