Close Menu
Press24
    Најново

    Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат

    31.07.2026 во 17:09

    Малолетник од Радовиш заработи кривична – силувал 13-годишно девојче

    31.07.2026 во 17:02

    Го следела и го вознемирувала поранешниот сопруг – велешанец пријавил во полиција

    31.07.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат
    • Малолетник од Радовиш заработи кривична – силувал 13-годишно девојче
    • Го следела и го вознемирувала поранешниот сопруг – велешанец пријавил во полиција
    • Филипче: Во мое време немаше труење
    • ДИЖС со детали за белата пена во Вардар: Првичните анализи не покажаа отстапувања, се чекаат конечните резултати
    • МВР доби 496 нови полициски службеници
    • Хакиран мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски
    • Паднаа двајца полицајци од Струга: Претепале врзано лице во полициска станица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат

    Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат

    31.07.2026 во 17:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нов стан во скопската Општина Центар достигнал рекордна цена од 3.360 евра (206.640 денари) за метар квадратен во вториот квартал од годинава, покажуваат податоците од објавениот Извештај на Регистарот на цени и закупнини. За овој стан со површина од 50 метри квадратни, продаден директно од инвеститор, платени се вкупно 168.000 евра.

    Кај продажбите на стари станови, пак, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во Охрид и изнесува 3.200 евра (197.408 денари), односно за стан од 66 метри квадратни се платени 211.200 евра.

    Во периодот од април до јуни годинава на пазарот на недвижности се регистрирани вкупно 8.369 трансакции (купопродажби и закупи), што е раст од 7,9 проценти во споредба со првиот квартал.

    Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот за овој тримесечен период изнесува 351,7 милиони евра, бележејќи зголемување од 27,3 проценти во однос на претходниот квартал.

    Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, регистрирани се 977 продажби од инвеститор, од кои 943 се станови, а 34 се куќи. Дополнително, досега се запишани 28.352 листови за предбележување на градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на изградба и наскоро ќе се најдат во продажба.

    Споредено со првиот квартал, бројот на продадени станови е зголемен за 37 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност за 43 проценти. Бројот на продадени куќи во овој квартал е зголемен за 13 проценти, а финансиската вредност за 22 проценти.

    Раст на купопродажбите се бележи и кај земјоделското земјиште и шумите за 7 проценти, градежното земјиште за 16 проценти, како и кај гаражите каде има зголемување од 34 проценти во бројот на продажби. Кај деловните простории е забележан пад на вкупната вредност од 7 проценти, иако бројот на продадени единици пораснал за 21 процент.

    По општини, најголем број продадени станови се евидентирани во Аеродром (297 станови), а најмногу продадени куќи во Битола (64). Најмногу деловни простории се продадени во Општина Центар (33), додека во Куманово се регистрирани најмногу купопродажби на земјоделско (79) и градежно земјиште (45).

    Вкупно во вториот квартал од 2026 година се продадени недвижности со површина од 7,8 милиони метри квадратни и вкупна остварена цена од над 21,5 милијарди денари.

    Прочитај повеќе

    Собранието ги изгласа законите за задолжување кај Светска банка од 25 милиони евра

    29.07.2026 во 22:05

    Цената на нафтата продолжува да паѓа

    29.07.2026 во 17:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.