Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај

    31.07.2026 во 14:04

    Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата

    31.07.2026 во 13:59

    Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

    31.07.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај
    • Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата
    • Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација
    • Мицкоски: Не се планира укинување на вториот пензиски столб
    • Намален бројот на прегледи во Гостивар
    • Муцунски: Реформите продолжуваат, а крајната цел останува полноправното членство во ЕУ, клучно е предвидливоста на процесот
    • ФИФА нема намера да се откаже од планот на Инфантино
    • Пад на каматните стапки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај

    Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај

    31.07.2026 во 14:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случајот со бегството на осомничениот бизнисмен и сопственик на „Марковски компани“, Борче Марковски, по враќањето на патната исправа од страна на судот во Струга, добива нова сериозна димензија. Претседателотка на Владата, Христијан Мицкоски, отворено проговори за скандалот со отстранувањето на мерките за обезбедување, посочувајќи дека во целата постапка постојат директни соучесници и фалсификувани записници во правосудните органи.

    За време на неговата работна посета на Битола и обиколката на Клиничката болница, премиерот потврди дека лично го следи предметот и дека одговорноста нема да изостане.

    „Јас вчера го следев случајот и малку се заинтересирав. И мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес. И тоа нема така да заврши – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.“

    Потсетувајќи дека Марковски е првообвинет за злоупотреби при јавни набавки во РЕК „Битола“ во вредност од близу 1,7 милиони евра, чие заминување преку Табановце се случи само еден ден по судската одлука, премиерот нагласи дека Основното јавно обвинителство излегло со целосно спротивни податоци од оние презентирани од Вишото обвинителство во Битола.

    „Набргу ќе има истрага затоа што од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој кој е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. И ова нема така да заврши. Ова лично јас ви го гарантирам и јас лично ќе го следам овој случај – рече Мицкоски.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата

    31.07.2026 во 13:59

    Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

    31.07.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.