Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пренџов: Градиме стратешки партнерства во интерес на Македонија
    • Активни 5 пожари на отворено
    • (ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Распишан тендер за БРТ
    • Мицкоски на средба со конгресменката Клаудија Тени: Зајакнување на партнерството меѓу Македонија и САД
    • Утре дел од Центар останува без вода
    • Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански
    • Мицкоски на средба со американскиот конгресмен Кит Селф: Фокус на стратешкото партнерство со САД
    • Белорусија ослободува политички затвореници во замена за укинување на санкциите од САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема зголемување, туку кратење на градењето за 33 проценти

    Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема зголемување, туку кратење на градењето за 33 проценти

    29.07.2026 во 21:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот Детален урбанистички план за „Барутана“ значително го намалува обемот на градење и воведува строги правила за заштита на просторот на Водно, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5.

    Тој ги отфрли обвинувањата за можни ерозии на теренот, посочувајќи дека планот се базира врз стручни физибилити студии.

    „ДУП-от е дете на ГУП-от, кој е донесен со параметри што важат и денес. ГУП-от се темели на стручни проценки, снимања и анализи на теренот, вклучително и оние за ерозивноста“, изјави Герасимовски.

    Градоначалникот нагласи дека токму непланското градење претставува ризик за појава на свлечишта, а не урбанистичкото уредување.

    „Свлечиштата најчесто се резултат на непланска и самоволна градба. Со овој ДУП воведуваме ред наместо такви практики,“ додаде тој.

    Според предложениот нацрт-план, вкупната површина за градење се намалува од 43.429 м² на 29.459 м², максималната изграденост се ограничува на 40 проценти, а зелените површини исто така се зголемуваат на 40 проценти. Се дозволува градење на само едно подземно ниво.

    „Нема да има изигрувања како во случајот со ‘Панорамика’, каде се градеа повеќе лажни подземни нивоа. Со овој план се дозволува само едно подземно ниво за паркирање, со што се гарантира дека такви злоупотреби нема да се повторат“, истакна Герасимовски.

    Тој додаде дека за планот веќе се консултирани повеќе експерти од областа на архитектурата и урбанизмот.

    „Имавме консултации со стручни лица и градежници, денеска се сретнав со професорот и екс градоначалник Грчев. Тој укажа дека многу нестручни лица си даваат слобода да коментираат без елементарно познавање на материјата“, рече градоначалникот.

    Герасимовски повтори дека градежните парцели не се зголемени, туку се преземени од претходното планско решение.

    „Се создаде непотребна фама. Ова не е нов план, туку ДУП кој постои од 2002 година. Ние не го зголемуваме обемот на градење, туку го уредуваме просторот и воведуваме јасни правила“, истакна тој.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Распишан тендер за БРТ

    16.09.2026 во 20:17

    Утре дел од Центар останува без вода

    16.09.2026 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.