Поради планирани интервенции и техничко-инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа, на 31 јули (петок) делови од скопските општини Карпош и Центар привремено ќе останат без електрична енергија.
Во општина Карпош, поради интервенција на нисконапонската мрежа, без струја ќе бидат корисниците од улица „1687“ во населбата Бардовци. Прекинот е планиран во периодот од 08:40 до 15:05 часот.
Во истиот период, во општина Центар без напон ќе бидат објектите на улица „Железничка“ на броевите 20, 22, 22А, 26 и 30, како и на улица „Герман“ на броевите 26 и 30. Исклучувањето се врши поради изведување техничко-инвестициски зафати во мрежата.
За сите дополнителни информации во врска со зафатот во општина Центар, граѓаните можат да се обратат кадо одговорното лице Андријана Шопковска на телефонскиот број 072/931-306.

