Close Menu
Press24
    Најново

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска на средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс: Фокус на гасното поврзување и енергетската независност

    Божиновска на средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс: Фокус на гасното поврзување и енергетската независност

    29.07.2026 во 16:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска
    оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски
    Држави во земјава, Никол Варнс.

    Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни
    активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини,
    хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови
    и проекти во енергетскиот сектор.

    Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на
    должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и
    Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше
    посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава.

    Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во
    врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира
    во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се
    одвива со забрзана динамика.

    Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја
    променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и
    официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во
    септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на
    снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна,
    Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата
    земја во глобални рамки.

    „Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на
    реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се
    поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на
    коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“,
    порача министерката Божиновска на состанокот.

    На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу двете земји,
    со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка,
    како и заедничките напори за промоција на демократските вредности.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.