Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото испраќање на учесниците во 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кој традиционално се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.
Мицкоски им посака безбеден пат на коњаниците кои се упатија кон Крушево за одбележување на претстојниот државен празник Илинден.
„Денеска присуствував на свеченото испраќање на учесниците во 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кој се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Со гордост им посакавме среќен пат кон Крушево, каде што и оваа година ќе им оддадат почит на илинденците и на сите што ја вградија својата жртва во македонската слобода“, изјави Мицкоски.
Тој потенцираше дека негувањето на ваквите традиции има клучна улога во зачувувањето на националното единство.
„Нека нивниот пат биде безбеден, а традицијата што ја негуваат продолжи да ги обединува сегашните и идните генерации“, додаде премиерот во својата Poraka.
Коњаниците во следните денови ќе го минуваат патот до Крушево, каде што на 2 Август – Денот на Републиката, ќе учествуваат во централната манифестација на Гуменње и Мечкин Камен.

