Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од следниот месец МВР почнува со брзи тестови за дрога кај возачите

    Од следниот месец МВР почнува со брзи тестови за дрога кај возачите

    27.07.2026 во 17:53Updated:27.07.2026 во 18:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) од следниот месец ќе започне со примена на брзи тестови за откривање присуство на наркотични средства кај возачите за време на сообраќајните контроли.

    Според информациите објавени во медиумите, полициските службеници на терен ќе можат веднаш да направат проверка кај возачи кај кои ќе има сомнеж дека управуваат под дејство на дрога. Со земање брис од плунка, резултатот ќе биде достапен за три до десет минути.

    Имено, Министерството веќе набавило првична количина од 10.000 тестови, кои се очекува да пристигнат во почетокот на август.

    Еден тест чини 218 денари, а набавката е дел од двегодишна рамковна спогодба со максимална вредност до 80.000 евра.

    Според бјавените податоци, тестовите имаат точност од 99 проценти и можат да ги користат полициски службеници без посебно медицинско знаење.

    Со еден примерок од плунка ќе може да се провери присуство на седум видови психоактивни супстанции, меѓу кои кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин и хероин), екстази, седативи и ТХЦ – активната состојка на марихуаната.

    Со новата мерка, полицијата ќе може побрзо да утврди дали возачите се под дејство на дрога, уште на самото место на контролата, без долго чекање за првични резултати.

    Прочитај повеќе

    Битолчанец ја тепал жена му и татко и

    18.09.2026 во 13:59

    Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото

    18.09.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.