Close Menu
Press24
    Најново

    Фатен пироман во Струмица: За неколку часа запалил автомобил и трактор

    27.07.2026 во 11:18

    Гостиварски Водовод тврди дека реализирани се 98% од проектот за водоводниот систем

    27.07.2026 во 10:48

    Поради одбиените амандмани Левица нема да го поддржи Ребалансот на Буџетот

    27.07.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатен пироман во Струмица: За неколку часа запалил автомобил и трактор
    • Гостиварски Водовод тврди дека реализирани се 98% од проектот за водоводниот систем
    • Поради одбиените амандмани Левица нема да го поддржи Ребалансот на Буџетот
    • СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар
    • Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага
    • Тошковски ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод
    • Штрајк на грчките цариници ги блокираше Богородица, Дојран и Меџитлија!
    • Водата во Скопје е безбедна за пиење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фатен пироман во Струмица: За неколку часа запалил автомобил и трактор

    Фатен пироман во Струмица: За неколку часа запалил автомобил и трактор

    27.07.2026 во 11:182 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 41-годишниот струмичанец В.К., откако полицијата му поднесе кривична пријава за предизвикување серија пожари. Осомничениот за само неколку часа запалил две различни возила сопственост на негови сограѓани.

    Според информациите од СВР Струмица, полициските службеници брзо го идентификувале и го лишиле од слобода пироманот, по што тој веднаш бил спроведен во полициска станица.

    Против него до Основното јавно обвинителство Струмица се поднесени соодветни пријави за потешки кривични дела кои задираат во општата сигурност на граѓаните.

    Од Секторот за внатрешни работи Струмица ги објавија точните детали и правната квалификација за ноќните палежи:

    „СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон.“

    Трактор и автомобил „Киа“ биле мета за само неколку часа

    Инцидентите се случиле во текот на истата ноќ на две различни локации во градот. Притиснати од пламенот, на терен морале да интервенираат и струмичките противпожарни екипи.

    Полицискиот билтен ја открива точното време на нападите врз имотот на струмичани:

    „На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема.“

    Прочитај повеќе

    Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага

    27.07.2026 во 09:39

    На 75-годишна возраст почина легендарниот Гоце Тодоровски!

    27.07.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.