Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внимавајте ако патувате во Грција: В понеделник наутро штрајкуваат грчките цариници на Богородица, Дојран и Меџитлија!

    Внимавајте ако патувате во Грција: В понеделник наутро штрајкуваат грчките цариници на Богородица, Дојран и Меџитлија!

    24.07.2026 во 13:111 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патниците и превозниците кои в понеделник наутро планираат да патуваат кон јужниот сосед ќе се соочат со затворени рампи и застој на граничните премини. Македонското Министерство за внатрешни работи денеска излезе со итно предупредување до граѓаните, пренесувајќи ги официјалните известувања добиени од грчките надлежни служби за најавениот протест на тамошните цариници.

    Штрајкот на грчката царина е закажан за 27 јули 2026 година (понеделник) и директно ќе ги опфати трите клучни гранични премини меѓу двете земји: Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

    За време на четиричасовната блокада, патничкиот сообраќај ќе се одвива под строг режим, додека за камионите и товарните возила ќе има целосна блокада за влез и излез од Грција.

    Од Министерството за внатрешни работи во детали ја објаснуваат временската рамка на протестот и режимот на пропуштање:

    „Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција. Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата

    18.09.2026 во 17:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.