На 22.07.2026 година во 15:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај селото Штавица, прилепско, патничко возило „Цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(35) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

