Close Menu
Press24
    Најново

    Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош

    23.07.2026 во 21:32

    Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:05

    ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар

    23.07.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош
    • Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар
    • ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар
    • ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница
    • Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
    • 21 случај на вирусот Западен Нил во Грција – најголем дел со тешка форма на болеста
    • „25 години и понатаму“: Ферати и американската амбасадорка за нова визија за соживотот
    • Гостивар влегува во нова фаза од кризата со водата: Започна хиперхлорирање и испирање на мрежата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош

    Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош

    23.07.2026 во 21:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски кој истакна дека најважните проекти, каде говореше за актуелните проекти што ги реализира општината, со посебен акцент на базенот и салата „Партизан“.

    Лукровски информираше дека од почетокот на септември Општина Карпош ќе го отстапи базенот кој се наоѓа во салата Партизан на користење на Пливачката федерација, врз основа на одлука на Советот на Општината. Според него, проектот е поддржан од Владата, при што упати благодарност до премиерот и Владата за поддршката.

    „ Од почетокот на септември зедовме обврска со одлука на Совет да го дадеме базенот во владение на Пливачката федерација. Идејата е потпомогната и од Владата сакам да нагласам и да се заблагодарам на премиерот и на Владата. Пливачката федерација ќе го користи базенот во Карпош од пладне до вечерните часови за сите пливачки клубови подеднакво, а до пладне ќе имаат обврска да организираат курс за пливање. Тука ги опфаќаме дечињата од прво до трето одделение од нашите основни училишта кои се околу 2000 дечиња“, вели Лукровски.

    Тој се осврна и на спортската сала „Партизан“, посочувајќи дека објектот, чија изградба започнала во времето на поранешната Агенција за млади и спорт, е завршен од Министерството за спорт и сега е под надлежност на Општина Карпош.

    Според градоначалникот, салата не била во функција до почетокот на неговиот мандат поради неуспешни јавни повици и нерешени инфраструктурни прашања. Во моментов, Општината подготвува проект за системи за греење, ладење и вентилација, со цел да се обезбедат соодветни услови за користење на објектот. Лукровски најави и отворање на првиот Младински и ресурсен центар во Општина Карпош, кој ќе биде сместен во рамки на салата „Партизан“.

    „Започната е изградбата поодамна од тогашната Агенција за спорт сега ја доврши Министерството за спорт, така да салата е во наши ингиренции, ние стопанисуваме со неа, до почетокот на мојот мандат не функционираше, имаше некои јавни повици кои беа неуспешни, за жал како и многу проекти кои наследив во општината се нецелосни, некомплетни да речеме, така да имаме одредени аномалии. Спремаме проект за ладење и греење и вентилација во салата, меѓутоа и што е најинтересно со моето доаѓање отвараме прв пат во општината Карпош, Младински и ресурсен центар, исто во склоп на салата Партизан и можам да кажам дека сега салата е во полна функција“, рече Лукровски.

    Прочитај повеќе

    Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:05

    Ѓорѓиевски: Нова ера на јавниот превоз

    23.07.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.