Close Menu
Press24
    Најново

    Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема

    29.10.2026 во 18:31

    УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт

    29.10.2026 во 18:22

    Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија

    29.10.2026 во 18:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази

    Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази

    23.07.2026 во 19:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања.

    Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа што оставила опозицијата меѓусебно да ги усогласи различните предлози што ги изнесувала во јавноста.

    „Платформата врз која ние ги поставивме разговорите сметам дека е сосема коректна. Владата беше доволно одговорна и владиното мнозинство да каже  дека ќе го прифати сето тоа што опозициските партии ќе го договорат меѓу себе, бидејќи тие беа тие коишто нудеа различни детали во јавноста. Ние кажавме директно и јасно потребно ни е да ги зацртаме реформите 10 од 10, потребни ние си тие средства без разлика дали биле многу или малку, на македонските граѓани им се потребни. Седнете, договорете се за сите разлики коишто ги имате во јавноста, за сите нови услови кои ги поставувате секогаш кога ќе седнеме на масата и ние ќе ви го прифатиме тоа коешто вие ќе го договорите“, рече Стојаноски.

    Тој нагласи дека не е задача на владејачкото мнозинство да посредува во договорите меѓу опозициските партии, посочувајќи дека СДС, ДУИ, Левица, како и пратениците на Арбен Таравари и Зијадин Села, треба да постигнат заеднички став за отворените прашања.

    „Ние не можеме место нив да им договараме средба во рамки на Собранието. Нека седнат СДС, ДУИ, Левица пратениците на Таравари и на Села и нека договорат и за заокружувањето и за поплаките и за начинот на кој дијаспората треба да се изјаснува, како и за процентот на финансирање, ние тоа ќе го прифатиме. Одговорноста стои таму да тие треба да имаат иницијатива да седнат и да договорат, а не да смислуваат алиби за наредните изборни порази“, вели Стојаноски.

    Пратеникот Стојаноски се осврна и на начинот на гласање на македонската дијаспора. Тој истакна дека целта е да се зајакне врската на иселениците со татковината и повтори дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи моделот за кој ќе постигне договор опозицијата.

    „Зошто сакаме дијаспората да се изјаснува и да се промени системот кој сега е актуелен? Бидејќи нашата интенција е тие луѓе да ги вратиме назад и мораме да ја зајакнуваме врската којашто тие луѓе ќе ја имаат со нивната татковина. Ете на преговорите на кои јас лично учествував, им кажавме дека ако седнЕ опозицијата и ако се договорат тие за моделот на којшто треба дијаспората да се изјаснува, ние тоа модел ќе го прифатиме. Ете беа против електронски, понудивме поштенски модел ете и против тоа се“, истакна Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема

    29.10.2026 во 18:31

    Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија

    29.10.2026 во 18:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.