Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    19.09.2025 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лозарите повторно се оставени на цедило, а грозјето скапува на нивите, велат од СДСМ.

    „Пред два дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци самоуверено изјави дека „целото грозје ќе биде откупено од страна на винариите“.

    Денес е 19- ти септември, реалноста на терен е сосема поинаква.

    Најавеното „решение“ за проблемот со откупот на грозјето се претвори во нова агонија за лозарите – откупот на винското грозје се одвива забавено.

    Министерот Трипуновски тврдеше дека за оваа реколта ќе има производство од над 100 милиони килограми грозје. Во Кавадарци, опкружен со  своите соработници, изјави дека досега се откупени 78 милиони килограми. Остануваат уште над 22 милиони килограми грозје за откуп.

    Го прашуваме министерот Трипуновски  како ќе бидат откупени повеќе од 22 милиони килограми грозје од винарија која последен пат откупувала пред пет години, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми?
    Дали винаријата „Вардар“ за која Трипуновски ветува дека ќе ги откупи дополнителните количини грозје во тиквешкиот регион, има обезбедено финансиски средства да им го исплати грозјето на лозарите?

    Лозарите заслужуваат одговор на овие прашања, бидејќи винаријата што ја спомнува Трипуновски, нема вршено откуп од 2020 година.

    Лозарите се изморени од празни ветувања и сакаат реални решенија, не празни сценарија  манипулации.

    Дали се подготвува нова измама на лозарите, како онаа во 2016 година, кога партиски блиските визби добија пари, а лозарите останаа со неплатено грозје?

    Трудот на лозарот не смее да биде жртва на партиски игри и предизборни манипулации. Лозарите бараат реална цена, сигурен откуп и навремена исплата, ништо повеќе, ништо помалку“, стои во соопштението од СДСМ.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.