Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Земјоделците останаа сами по невремето, Владата да преземе мерки

    23.07.2026 во 10:47

    Шри Ланка со армиски дронови се бори против најлошата епидемија на денга треска во последните 10 години

    23.07.2026 во 10:40

    Драма во Франција: Голем шумски пожар го зафати департманот Жиронд, евакуирани се речиси 12.000 луѓе

    23.07.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Земјоделците останаа сами по невремето, Владата да преземе мерки
    • Шри Ланка со армиски дронови се бори против најлошата епидемија на денга треска во последните 10 години
    • Драма во Франција: Голем шумски пожар го зафати департманот Жиронд, евакуирани се речиси 12.000 луѓе
    • Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“
    • Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот
    • ВРЕДИ до Таравари: Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија
    • Тажна вест: По помалку од месец од смртта на синот – Почина доајенот на македонската песна
    • Мајката која малолетниот син ја пронајде во локви крв ќе биде погребана денеска – Страшно убиство го потресе цел регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Земјоделците останаа сами по невремето, Владата да преземе мерки

    СДСМ: Земјоделците останаа сами по невремето, Владата да преземе мерки

    23.07.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Невремето ги  опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

    -Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени. За многу семејства ова не е само временска непогода – ова е уништена година, уништена егзистенција и неизвесна иднина. Земјоделците повторно се оставени сами. Вообичано за ВМРО – локалната власт и ресорниот министер за земјоделство доцнат со реакциите. Допрва ќе прават проценки, велат тие.

    Додаваат дека слушаме денеска министерот за земјоделство, вели ќе ја следел состојбата – земјоделците имаат мака, нема време за чекање, потребна им е итна помош.

    -Оваа Влада покажа дека не и се важни земјоделците. И не е прв пат да ги оставам сами земјоделците кога им е најтешко. Ги оставија без конкретни мерки  во сред криза кога цените на репроматеријалите поради растото на цените на горивата, се вивна до плафон. Ги скратија субвенциите за земјоделците, на терен се случува хаос – понижувачки откупни цени и несигурен пласман. Не ни треба нас невреме – Владата на ВМРО е најсилното невреме за земјоделците – како цунами го уништи цел сектор. Само за потсетување, владите на СДСМ секогаш беа до земјоделците кога им требаше помош. Навремено се реагираше со обештетувања од сите временски непогоди.  Во  2018 година беше донесена одлука за дополнителна помош за покривање на загубите предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани, велат од СДСМ.

    Во 2022 година, Владата на СДСМ ги обештети земјоделците и тоа за претпрени штети од елементарни непогоди настанати во 2016, 2017 и 2018 година.

    -Сега, бараме Владата да одржи вонредна седница и да донесе итна одлука за обештетување и финансиска помош за земјоделците. Исто така, бараме да се подготви долгорочна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Без земјоделци нема домашно производство, нема иднина за македонското земјоделство, стои во соопштенеито на партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“

    23.07.2026 во 10:29

    Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот

    23.07.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.