Close Menu
Press24
    Најново

    Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“

    23.07.2026 во 10:29

    Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот

    23.07.2026 во 10:21

    ВРЕДИ до Таравари: Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија

    23.07.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“
    • Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот
    • ВРЕДИ до Таравари: Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија
    • Тажна вест: По помалку од месец од смртта на синот – Почина доајенот на македонската песна
    • Мајката која малолетниот син ја пронајде во локви крв ќе биде погребана денеска – Страшно убиство го потресе цел регион
    • Ескалација во Ормутскиот теснец: Иран се закани со целосна блокада на извозот на нафта ако продолжи конфликтот со САД
    • ГАЛЕРИЈА: Во чантата носела накит вреден 1,3 милиони денари – Голема заплена на Табановце
    • Аларм во Конго: Бројот на жртви од ебола се приближува до 1.000, за сојот „Бундибуџо“ нема одобрена вакцина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“

    Левица против измените на Законот за студентски стандард: „Наместо поддршка, казни и контрола“

    23.07.2026 во 10:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Законот за студентски стандард предложен од ДПМНЕ е уште еден набрзина скроен производ на власта кој под благородни фрази протнува правна конфузија, прекумерна репресија и речиси неограничено самоволие на управите и министерот, с евели во соопштението од ПП Левица.

    -Наместо да понуди решенија за вистинските проблеми со кои секојдневно се соочуваат студентите, како партизацијата при распределбата на местата во студентските домови, неопходната дигитализација, недостигот од капацитет  и хроничната негрижа за студентскиот стандард – власта составила дисциплински правилник маскиран како социјална реформа и предлага мерки со кои прекумерно се заоструваат казните, а управите во студентските домови под нивна палка би имале можност полесно да избркаат бунтовни студенти. Со измените, забраната за користење дом повеќе нема да трае најмногу една година, туку од најмалку една до дури пет години, и тоа не само во домот каде што наводно е сторена повредата, туку во студентските домови на територијата на целата држава. Една управа ќе може практично да му ја пресече можноста за домување на студентот во целиот тек на студирањето, велат тие.

    Додаваат дека притоа во ист санкциски кош се ставаат целосно неспоредливи ситуации: насилство, дискриминација и намерно уништување имот се изедначуваат со долг за сместување, внесување алкохол, непријавен дефект или спречување контрола во собата. Нема сериозно степенување според тежината, намерата, последиците и околностите. ДПМНЕ пропишува распон до пет години, но не пропишува јасни мерила според кои ќе се утврди дали некој ќе биде исклучен една, три или пет години.

    -Пушти гласна музика – ќе те евидентираат, ако ја повториш оваа повреда може да те исфрлат од сите студентски домови пет години. Внеси лименка пиво без да направиш штета или инцидент – ќе се најдеш во истиот санкциски кош со оној што го демолирал инвентарот и предизвикал голема материјална штета. Затоа, овој Закон не може да се нарече дека е за студентски стандард, туку за касарнски режим скроен за послушни станари, односно партиски подобни. А зад магливите формулации се отвора идеален простор за пресметка со независните, бунтовните и непокорните студенти кои јавно ги разобличуваат проблемите и одбиваат да бидат дел од клиентелистичката машинерија на ДПМНЕ. Правно несмасно е изработен и новиот систем на бодирање. Преминувањето од вкупен семеен приход кон приход по член може да биде поправичен пристап, но ДПМНЕ го воведува половично и неусогласено. Во членот за бодирањето се предлага приход по член, додека непроменетиот член 32, кој го уредува целосното покривање на сместувањето и исхраната, сè уште се повикува на вкупниот семеен приход. Така, еден студент може да биде признаен како социјално ранлив за бодирање, но истовремено да не биде признаен како ранлив при плаќањето на трошоците, велат Левица.

    Според нив, уште полошо, членот 24 и натаму резервира 40% од местата за студентите од ставовите 1 и 2 на членот 25. Но со новото пренумерирање, дел од социјалните категории се префрлаат во нов став 3, без паралелна измена на членот 24. Со една техничка несмасност, категории кои досега биле опфатени со квотата може да останат надвор од неа. 

    -Дополнително, формулата „до 100 бода“ останува необјаснета, а министерот добива простор суштинските правила да ги допишува со подзаконски акт. Нема законска скала на приходи, не е определено дали се однесува на бруто или нето приход, прецизна распределба на бодовите, јасни правила при изедначување ниту гарантирано право на целосен увид во пресметката. Конечно, закон насловен како „Закон за студентскиот стандард“ не смее да биде сведен само на легла, куќен ред и казнени мерки. Студентскиот стандард значи стипендии, градски и меѓуградски превоз, кирии, достапно домување, квалитетна исхрана, кредити со социјални гаранции, здравствена и психолошка грижа, дигитална опрема, културни и спортски поволности и посебна заштита за студентите од сиромашни и ранливи семејства, стои во партиското соопштение.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Милијарди ненаплатени побарувања во општините – ДЗР утврди слабости во системот

    23.07.2026 во 10:21

    ВРЕДИ до Таравари: Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија

    23.07.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.