Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган

    Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган

    22.07.2026 во 18:193 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скршеници, расекотини на главата и силни нагмечувања. Околу 30-тина граѓани завршија во скопските клиники по вчерашното невреме, какво што скопјани не паметат. Министерот за здравство потврди дека сите повредени се соодветно згрижени и дека им е пружена неопходната медицинска помош.

    Невремето ги начека граѓаните неподготвени. Многумина возеле низ булеварите, други пеш се враќале од работа. Некои успеале да се засолнат, а некои, пак, биле повредени откако врз нив паднале гранка, дрво или предмет.

    Меѓу оние кои за влакно избегнаа потешки последици е и пазарџија од Буњаковец. Тој за Сител раскажува дека се засолнил во последните секунди, токму кога ветерот го откорнал покривот над неговата тезга.

    Ветерот со орканска јачина направи вистинска катаклизма во речиси сите скопски населби. Дрвја кршеа прозорци на автомобили, паѓаа зад возила во движење и целосно блокираа влезови од згради.

    Екипите на терен ја започнаа расчистувачката акција уште во текот на ноќта.

    Екипата на Сител денеска направи обиколка низ градот за да провери како изгледа Скопје ден по невремето. Сите патишта се проодни, но трагите од невремето се присутни. Големи дрвја сè уште има на улиците, а работниците ги чистеа булеварите.

    Голема штета е направена и кај Соборниот храм. Ветерот собори огромно дрво, уништи парковски клупи и целосно ја искрши заштитната ограда.

    Бројот на повици до Центарот за управување со кризи ги сруши сите досегашни рекорди, а голем дел од градот со часови остана и без електрична енергија.

    Синоќа сите општински кризни штабови беа веднаш активирани бидејќи клучните сообраќајници беа непроодни. Социјалните мрежи, пак, беа преплавени со апокалиптични снимки од сите агли на главниот град.

    Меѓу најдраматичните моменти снимени со камера беше и падот на 60-метарскиот јарбол со македонското знаме, кој едноставно попушти под налетот на орканскиот ветер.

    Граѓаните ги вознемири и видео на кое се гледа како покрив од зграда лета како пердув во воздух.

    Многумина граѓани невремето ги затекна во нивните автомобили, изолирани среде бурата.

    Освен на јавните површини и на граѓанскиот имот, огромни штети претрпеа и угостителските објекти низ градот.

    За помош на граѓаните и на екипите на терен излегоа и припадници на АРМ и полицијата.

    „Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде што до 22:00 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство“, информираат од МВР.

    Според податоците од УХМР, вчера јавноста беше сведок на исклучително редок и разорен метеоролошки феномен.

    Во Скопската Котлина, во 16:10 часот, е регистриран оркански ветер со брзина од 130 километри на час, од северо-северозападен правец.

    Според метеоролошката класификација, секој ветер со брзина над 118 километри на час се дефинира како оркански ветер – феномен кој ретко се случува на овие простори, но може да остави катастрофални последици.

    По вчерашниот хаос, метеоролозите за утре најавуваат привремено стабилизирање на времето, но веќе од петок нè очекува нов бран врнежи од дожд.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно

    16.09.2026 во 23:13

    (ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Распишан тендер за БРТ

    16.09.2026 во 20:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.