Силното невреме кое вчера зафати повеќе делови од државата остави зад себе значителни материјални штети на подрачјето на главниот град.
Покрај оштетувањата регистрирани кај повеќе државни објекти од витално значење, на социјалните мрежи се појавија информации и фотографии за штети на значајни градски обележја.
Меѓу оштетените објекти се најде и препознатливиот часовник на Музејот на град Скопје.
На фотографиите кои од утрово се споделуваат на социјалните мрежи се забележува дека е оштетена стрелката која ги покажува минутите.
Институциите и надлежните служби продолжуваат со процена и санација на сите настанати штети од невремето во главниот град.

