За време на силното невреме во Скипје, се случила необична случка кога две жени кои не се познавале, а биле затекнати од силниот ветер на автобуска постојка, се гушнале и така стоеле цели три минути.
-Неверојатна сцена. Од прозор кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека 2 жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Од спротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи. Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа.
Така останаа цели 3 минути додека не заврши невремето. Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог. Доказот дека човек е најубав кога е заедно…., стои во Фејсбук пост.

