Close Menu
Press24
    Најново

    МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос

    22.07.2026 во 08:03

    Мурму и Сиљановска-Давкова ќе откријат биста на Махатма Ганди – Потоа заминуваат во Охрид

    22.07.2026 во 07:59

    Ќе нема струја до 15 часот, исклучувања низ Скопје – Неколку улици и без вода

    22.07.2026 во 07:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос
    • Мурму и Сиљановска-Давкова ќе откријат биста на Махатма Ганди – Потоа заминуваат во Охрид
    • Ќе нема струја до 15 часот, исклучувања низ Скопје – Неколку улици и без вода
    • По силното невреме – УХМР издаде ново метео предупредување
    • Меџити: Екипите се на терен по невремето, Кризниот штаб ги координира интервенциите
    • 117 oштетени возила, откорнати 35 покриви и скоро 200 паднати дрвја: МВР излезе со пресек со штети
    • Градоначалникот Стојкоски: Патиштата се проодни и во функција во сите делови на општината – треба да се санираат дефектите со струја
    • Стефковски: Сите улици во Гази Баба се проодни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос

    МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос

    22.07.2026 во 08:032 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Во тек се активности за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на штетите и нормализирање на сообраќајот.

    Според МВР, најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

    Материјална штета е пријавена и на повеќе објекти од витално значење, меѓу кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и зградите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

    Во СВР Куманово се пријавени девет оштетени возила и три оштетени покриви, додека на подрачјето на СВР Тетово се евидентирани пет случаи – три оштетени возила и две оштетени кровни конструкции. Во Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

    Во СВР Велес се регистрирани две оштетувања на возила предизвикани од паднати дрвја, а во СВР Штип 14 оштетени патнички возила и шест оштетени кровови.

    На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

    Од СВР Битола информираат дека не се регистрирани поголеми последици од невремето, освен краткотраен силен ветер на подрачјето на Полициската станица Македонски Брод, без материјална штета.

    Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најсериозни последици се забележани на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот бил прекинат излезот од државата во времетраење од околу час и половина.

    Во Транзитниот центар Табановце се оштетени дел од привремените објекти за сместување на мигранти, а регистрирани се и паднати дрвја, без поголема материјална штета.

    Од МВР велат дека полициските екипи и натаму остануваат на терен и продолжуваат со расчистување на последиците од невремето и преземање мерки за заштита на граѓаните.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мурму и Сиљановска-Давкова ќе откријат биста на Махатма Ганди – Потоа заминуваат во Охрид

    22.07.2026 во 07:59

    Ќе нема струја до 15 часот, исклучувања низ Скопје – Неколку улици и без вода

    22.07.2026 во 07:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.