Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    19.09.2025 во 13:032 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, учествуваше на панел дискусијата „Домот како основна потреба, а не привилегија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Во своето обраќање, Шукова го истакна предизвикот што законот за домување во целост е во надлежност на централната, а не на локалната власт, и посочи дека е потребно да се отвори сериозна дебата, како и да се иницираат законски измени, со цел локалните самоуправи да можат да им помогнат на младите во справувањето со едно од најгорливите прашања – домувањето, кое претставува една од основните човечки потреби. Шукова на панелот го предложи виенскиот модел, со кој градот може да понуди станови и субвенционирана закупнина за младите до одредена возраст.

    „Виена одлучила дел од давачките да им ги намали на оние што градат, за определен број станови. Тие станови инвеститорот ги отстапува на градот, а градот понатаму ги дава на категории граѓани, кои имаат потреба. Во Виена, овие станови ги користат млади лица. Јас сметам дека тоа е еден убав модел кој може да се примени и кај нас. Иако многу доцниме  доколку ова се практикуваше пред 10 или 15 години денес ќе имавме солиден број станови кои младите ќе можеа да ги користат. Во таков случај, младите плаќаат само режиски трошоци, со обврска да го чуваат и управуваат станот според одредени правила и слично.“ – рече Шукова.

    Шукова истакна дека, од друга страна, фондот на станови, имајќи предвид дека изградбата на згради е континуиран процес, ќе биде постојано обновуван и зголемуван. Ова, како што нагласи, можеби е амбициозна, но исклучително сериозна мерка која директно и суштински го адресира и решава проблемот со домувањето особено за младите. За ваков исчекор потребна е сериозна политичка волја, промена на постојните методологии за пресметка на комуналии и измени во неколку соодветни закони. Но, доколку тоа се постигне, оваа мерка би претставувала еволуција во решавањето на прашањето за домување на младите и единствен ваков пример во регионот, смета Шукова.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.