Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Силните политички односи со Индија да ги преточиме во конкретно економско партнерство

    21.07.2026 во 20:11

    (ВИДЕО) Стојкоски на терен: Кризниот штаб е активиран, општинските екипи работат на расчистување на патишта

    21.07.2026 во 19:42

    Одлета кровот на 8-ми септември: Завршил на автомобили во пет центарот

    21.07.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Силните политички односи со Индија да ги преточиме во конкретно економско партнерство
    • (ВИДЕО) Стојкоски на терен: Кризниот штаб е активиран, општинските екипи работат на расчистување на патишта
    • Одлета кровот на 8-ми септември: Завршил на автомобили во пет центарот
    • Тошковски во Гостивар: Државата ги стави во функција сите капацитети за надминување на кризата – ќе има одговорност
    • ФОТО: Падна дрво во Општина Кисела Вода
    • Во Стара градска 6 пациенти: Врз еден паднало дрво, врз друг керамиди
    • ЦУК за Пресс24: Имаме повеќе од 1.000 повици
    • Лукровски: Излезете на улица и собирајте гранки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Силните политички односи со Индија да ги преточиме во конкретно економско партнерство

    Муцунски: Силните политички односи со Индија да ги преточиме во конкретно економско партнерство

    21.07.2026 во 20:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Скопје се обрати на македонско-индискиот бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на форумот се обратија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, а беа презентирани и инвестициските можности на земјава.

    Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека добрите политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за посилна економска соработка, нови инвестиции и поголема трговска размена.

    „Денес имаме можност силните политички односи да ги преточиме во уште посилно економско партнерство – партнерство што создава работни места, привлекува инвестиции, ја проширува трговијата и носи конкретни придобивки за нашите граѓани“, истакна Муцунски.

    Тој посочи дека дипломатијата не се мери само преку одржаните средби и потпишаните договори, туку и преку можностите што ги создава, пазарите што ги отвора и економскиот просперитет што го поттикнува. Во таа насока, го нагласи значењето на интегрирањето на надворешната трговија во Министерството, со цел дипломатијата да придонесува за поврзување на компаниите и поддршка на претприемачите, истражувачките центри и иноваторите.

    Муцунски ја оцени Индија како една од најзначајните економски успешни приказни на современото време, со забележителен раст, технолошко лидерство и силен претприемачки дух. Тој нагласи дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата.

    Во 2025 година, билатералната трговска размена достигнала речиси 132 милиони американски долари, што е речиси двојно повеќе во споредба со претходната година.

    „Нашата амбиција е поголема – повеќе трговија, повеќе инвестиции, повеќе заеднички вложувања и повеќе компании што заеднички ќе создаваат вредност во двете земји“, порача министерот.

    Осврнувајќи се на условите за инвестирање, Муцунски истакна дека земјава нуди стабилност, сигурност и партнерство, како и конкурентна пристапна точка кон Западниот Балкан и поширокиот европски пазар. Тој ја потврди определбата за зајакнување на владеењето на правото, подобрување на деловната клима, поддршка на извозно ориентираните индустрии и градење долгорочно партнерство со инвеститорите.

    „Ако барате сигурен партнер – подготвени сме. Ако барате нови можности – отворени сме. Ако барате место за раст – го градиме денес“, истакна Муцунски.

    Министерот нагласи дека Владите можат да ги создадат условите, институциите да ги отстранат пречките, а дипломатијата да ги отвори вратите, но претприемачите се тие што создаваат вредност, бизнисите создаваат работни места, а инвестициите ги трансформираат економиите.

    На крајот, тој порача дека форумот треба да биде запаметен по партнерствата, инвестициите и деловните можности што ќе произлезат од него, повикувајќи потенцијалот, политичката волја и деловниот интерес да се преточат во конкретен напредок и долгорочен просперитет.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Стојкоски на терен: Кризниот штаб е активиран, општинските екипи работат на расчистување на патишта

    21.07.2026 во 19:42

    Одлета кровот на 8-ми септември: Завршил на автомобили во пет центарот

    21.07.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.