Close Menu
Press24
    Најново

    Владата одлучи: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    21.07.2026 во 15:19

    Хорор во Скопје: Дрво паднало врз жена, додека и ја барале ташната пронашле експлозив

    21.07.2026 во 14:47

    Трагедија во Кочани: Загина велосипедист при судир со автомобил

    21.07.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владата одлучи: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар
    • Хорор во Скопје: Дрво паднало врз жена, додека и ја барале ташната пронашле експлозив
    • Трагедија во Кочани: Загина велосипедист при судир со автомобил
    • Ѓорѓиевски: Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме
    • Николовски: Царината годинава заплени над 27.000 лекови и медицинска опрема
    • УХМР издаде метеоаларм: Попладнево доаѓа невреме
    • ЦУК: Гори во Делчево, под контрола четири пожари
    • Сиљановска-Давкова: Со Марму решивме билатералните односи да ги кренеме на повисоко ниво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата одлучи: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    Владата одлучи: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    21.07.2026 во 15:19Updated:21.07.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.
     
    „Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.
     
    Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.
     
    Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани.
     
    Воедно, Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
     
    Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски““, велат од Владата.

    Прочитај повеќе

    Хорор во Скопје: Дрво паднало врз жена, додека и ја барале ташната пронашле експлозив

    21.07.2026 во 14:47

    Трагедија во Кочани: Загина велосипедист при судир со автомобил

    21.07.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.