Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пратеничките Пешевска и Петкоска на Женскиот парламент во Подгорица

    Пратеничките Пешевска и Петкоска на Женскиот парламент во Подгорица

    20.07.2026 во 20:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Одборот за рамноправност и воспоставувањето на институционалниот механизам за унапредување на рамноправноста во Црна Гора.

    Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот претставуваше можност за размена на искуства и ставови меѓу парламентарките од регионот за предизвиците и достигнувањата во унапредувањето на рамноправноста, како и за улогата на парламентите во креирањето политики што обезбедуваат еднакви можности и поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот.

    Во рамките на посетата била одржана средба меѓу претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска, и претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ. На средбата биле разменети искуства и добри практики во работата на двете комисии, при што беше разговарано за можностите за натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, реализација на заеднички активности и иницијативи, како и за унапредување на законодавната и надзорната улога на парламентарните тела во областа на рамноправноста.

    -Рамноправноста не претставува изолирано прашање, туку е темелна демократска вредност и значаен показател за развојот на современите демократски општества. Истакнато беше дека вистинскиот напредок се мери преку конкретните резултати што ги подобруваат условите за живот на граѓаните и обезбедуваат еднаков пристап до правата, можностите и правдата – посочуваат од Собрание.

    Воедно, била изразена заемна подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката меѓу парламентите на Република Северна Македонија и Црна Гора, како на билатерално, така и на регионално ниво. Во тој контекст било нагласено дека преку континуирана размена на искуства, добри практики и заеднички иницијативи може да се даде значаен придонес во креирањето поинклузивни, поправедни и порамноправни општества, во кои еднаквите можности претставуваат суштинска вредност и предуслов за одржлив демократски развој.

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.