Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје

    Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје

    20.07.2026 во 17:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект.

    „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги решиме проблемите што со години ја блокираа изградбата на клучката ‘Момин Поток’. Денес, на терен се гледаат конкретни резултати и проектот конечно напредува со динамиката што ја заслужува“, изјави Ѓорѓиевски.

    Во рамки на тековните градежни активности, поставен е нов асфалт на коловозните ленти за влез во Скопје. По целосното расчистување на трасата, ќе продолжи изградбата и на коловозните ленти во правец кон булеварот „Словенија“.

    Паралелно се работи на изградба на три моста. Во моментов се врши уривање на стариот дел од мостот над реката Серава. Првиот дел од новиот мост е веќе изграден, а во следната фаза ќе се пристапи кон негово целосно комплетирање.

    Истовремено, во тек е и изградбата на нова атмосферска канализација, со што ќе се обезбеди подобро и поефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот.

    Со целосната реализација на клучката „Момин Поток“ значително ќе се растовари сообраќајот, ќе се овозможи побрзо и побезбедно движење и ќе се добие современо сообраќајно решение на една од најфреквентните точки во Скопје.

    „По долгогодишниот застој, денес на терен се гледа напредок. Продолжуваме посветено, затоа што пред Скопје се уште многу големи инфраструктурни проекти“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.