Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје 

    20.07.2026 во 15:43

    ЈП „Водовод и канализација“: Безбедна е водата за пиење во Скопје

    20.07.2026 во 15:42

    Измама во Македонска Каменица: Се пријавувал во Агенцијата за вработување во туѓо име за да зема паричен надоместок

    20.07.2026 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје 
    • ЈП „Водовод и канализација“: Безбедна е водата за пиење во Скопје
    • Измама во Македонска Каменица: Се пријавувал во Агенцијата за вработување во туѓо име за да зема паричен надоместок
    • Кривична пријава за скопјаните кои силуваа девојка покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче
    • Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта, постигнат договор за високото образование
    • (ВИДЕО) Паднаа првите апсења во Гостивар: Приведено комплетното раководство на водоводот
    • Ги фатив вашите деца, ги ставив во кола и ги претепав – Вознемирена мајка од Скопје се јавила во полиција
    • Митева за состојбата во Гостивар: Нема да има селективност, ќе се санкционира секоја одговорност за водата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје 

    Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје 

    20.07.2026 во 15:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект.

    „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги решиме проблемите што со години ја блокираа изградбата на клучката ‘Момин Поток’. Денес, на терен се гледаат конкретни резултати и проектот конечно напредува со динамиката што ја заслужува“, изјави Ѓорѓиевски.

    Во рамки на тековните градежни активности, поставен е нов асфалт на коловозните ленти за влез во Скопје. По целосното расчистување на трасата, ќе продолжи изградбата и на коловозните ленти во правец кон булеварот „Словенија“.

    Паралелно се работи на изградба на три моста. Во моментов се врши уривање на стариот дел од мостот над реката Серава. Првиот дел од новиот мост е веќе изграден, а во следната фаза ќе се пристапи кон негово целосно комплетирање.

    Истовремено, во тек е и изградбата на нова атмосферска канализација, со што ќе се обезбеди подобро и поефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот.

    Со целосната реализација на клучката „Момин Поток“ значително ќе се растовари сообраќајот, ќе се овозможи побрзо и побезбедно движење и ќе се добие современо сообраќајно решение на една од најфреквентните точки во Скопје.

    „По долгогодишниот застој, денес на терен се гледа напредок. Продолжуваме посветено, затоа што пред Скопје се уште многу големи инфраструктурни проекти“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ЈП „Водовод и канализација“: Безбедна е водата за пиење во Скопје

    20.07.2026 во 15:42

    Општина Центар отвора нов Дневен центар за лица со попреченост

    20.07.2026 во 12:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.