Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба при користење паричен надоместок од Агенцијата за вработување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Ј.К. (52) од селото Саса, Општина Македонска Каменица, поради сомнение за кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против Б.К. (57) од Кочани, кој се сомничи за „поттикнување“ во врска со истото кривично дело.
„На 8 мај годинава Ј.К. во просториите на подрачната единица на Агенцијата за вработување во Македонска Каменица се претставил како Б.К. и во негово име доставил контролен картон за редовно пријавување на невработено лице. Б.К. бил корисник на паричен надоместок од Агенцијата за вработување во периодот од 1 февруари до 5 јуни 2026 година и имал законска обврска лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена.“ соопшти МВР.
Наместо тоа, како што се сомничи, го поттикнал Ј.К. да се пријавува во негово име, со што незаконски стекнал имотна корист во износ од 37.768 денари.

